Одбојката како спорт

Во рамките на проектот “Спорт за сите - запознавање со групни спортови” на педагогот по физичко образование и воспитание, групатa Ѕвездички, објект Бисерчиња, се запознаа со одбојката како спорт. Тренерот Бранка Каленикова од одбојкарскиот клуб “Газели - Форца” ги запозна децата со основите, правилата и предностите на овој спорт. Децата уживаа и се забавуваа стекнувајќи ново искуство.
Благодарност до тренерот и ОК Газели - Форца.