Едукативна работилница

Во склоп на Еразмус проектот "Развој на компетенциите на рефлексивните практичари за транзиционите процеси помеѓу градинката и училиштето" во кој учествува нашата градинка заедно со ООУ "Вера Циривири Трена" и Македонското Монтесори здружение, децата од групата Мечиња 5-6 год. и дел од децата од хетерогената група Пеперутки од објектот Ѕвездички остварија посета на училиштето и изработуваа честитки за своите другарчиња.