Хокеј како спорт

Хокеј на мраз е екипен спорт кој исклучиво се игра на мраз, во кој лизгачите користат дрвени палки. Наместо топка имаат плочка која се вика “пак”. Во рамките на проектот “Спорт за сите - запознавање со групни спортови”, на педагогот по физичко образование, децата од групата Мечиња, објект Ѕвездички, се запозна со хокејот како спорт. При посетата на лизгалиштето "Борис Трајковски", тренерот Томислав Атанасовски од Хокеј клубот “Вардар” им ги откри сите тајни на овој спорт. Се запознаа со опремата, начинот на игра и го видоа теренот каде се игра овој спорт.