Психологот од нашата градинка

Денеска децата од групата Мечиња 5-6 год. објект Ѕвездички се дружеа со нашиот психолог Ценче, која на многу интересен и креативен начин им ја претстави својата професија психолог. Преку разни игри ги искажавме своите емоции, каде ги чувствуваме емоциите во своето тело, со кого треба да разговараме за своите емоции, како ги изразуваме и именуваме.