Стручна обука

Во трите објекти на градинка, Др. Велибор Стојанов и медицинската сестра Љупка Буцевска од нашата градинка, одржаа здравствена едукација, за воспитно- згрижувачкиот тим на тема „Превенција и заштита од магарешка кашлица – Pertussis“. Вработените се запознаа со основната клиничка слика, етиологија, патогенеза и превенција на ова заболување, со акцент на значење на вакцинацијата.