Учење преку уметност

Let's Learn Through Art-еТвининг 2024 проектот им овозможи на децата да учат и да се развиваат на различни начини.
Активностите ги поттикнаа децата да ја истражуваат својата имагинација и креативно да се изразуваат со различни бои, форми и материјали, да ги планираат своите ликовни изработки, да одлучуваат за бои и материјали и да ја оценуваат својата работа.
Кај децата се подобри вербалната интеракција, се зголеми вокабуларот, се подобрија комуникациските вештини и се усоврши способноста за изразување идеи, како и им се овозможи на децата да ги пренесуваат своите емоции и чувства на невербален начин. Се вклучија повеќе сетила додека децата допираа и манипулираа со различни материјали, набљудуваа бои и текстури и слушаа инструкции или разговори што резултираше со зголемување на перцептивното искуство кај децата.
Групните проектни активности ја поттикнаа тимската работа, споделувањето и соработката меѓу децата, како и зголемување на самодовербата и развој на нивните творечки способности.
Што е најважно, проектот беше забавен. Тоа донесе радост и возбуда во учењето, правејќи ја градинката место на позитивно доживување за децата.