Нано заштита од ПМ10 честички

Во градинката „Орце Николов“, во Карпош 3 поставен е Nanox филтер, во занималните каде се згрижуваат деца од осум месеци до три години. Овој филтер кој преставува густа мрежа од нано влакна овозможува висока пропустливост на воздухот и врши задржување на штетните ПМ10 честички, како и на алергени, прашина, смог, бактерии, кои преставуваат закана за здравјето на луѓето, а посоебно на децата, новороденчињата, бремените жени и постарите лица, како и лицата со респираторни и други хронични заболувања. Нано филтерот е поставен во четири занимални, со што се опфаќа јасли делот во кој престојуваат околу 100 деца. Придобивките од Nanox филтерот освен споменатите се и заштита од смог, прашина, полен, микро организми, дожд, UV зраци и инсекти. Оваа заштита за најмладите претставува донација од фирмата Nanox, а ваквата донација e нејзин придонес во градењето на уште поквалитетно и побезбедно предучилишно образование во Карпош. Локалната самоуправа продолжува да ги поддржува проектите и идеите кои имаат за цел да ја унапредат детската заштита во градинките во Карпош.