Дрвото низ годишните времиња
Сре, 24/3/2021
Во рамките на проектот „Годишни времиња“ децата од групата Бувчиња од објектот Карпош 4 во месец јануари преку креативни активности имаа за цел:
- Да се оспособуваат за препознавање и класификација на растенијата, услови за раст, корист и значење за планетата Земја;
- Да се оспособат за творештво при набљудување, користење, комбинирање и истражување со различни ликовни и неликовни материјали;
- Да се стекнат со ликовни вештини за контрола и координација на движењето на раката при разни ликовни активности.