Започна изградба на нов објект

Започна изградбата на новиот објект на градинката „Орце Николов“ во Карпош 3. Оваа предучилишна установа ќе може да згрижи дополнителни 100 дечиња, од 4 до 6 години, кои ќе бидат распределени во четири групи.

„Изминатиов период сме соочени со полни капацитети по градинките и како резултат на протоколите за заштита од КОВИД - 19. Како локална самоуправа правиме сè што можеме за да се намали овој проблем, а на сите родители/старатели им благодарам на разбирањето и трпението.“- Стефан Богоев

#СеГрижиме