Детска недела „Секој заслужува насмевка“

Почитувани родители/старатели и пријатели на градинката „Орце Николов“,
Ве покануваме на хуманитарна акција по повод „Светската детска недела“ каде сите заедно ќе учествуваме со донации на нови играчки и сликовници, со кои ќе ги израдуваме нашите другарчиња на кои им се најпотребни.
Oваа манифестација ја одбележуваме со разновидни и интересни активности подготвени од нашите деца, во сите објекти на градинката, првата недела од месец Октомври.
Да бидеме хумани, како и многупати досега, бидејќи навистина „Секој заслужува насмевка“. Ви Благодариме.