ПРЕПОРАКИ ЗА АКТИВНОСТИ СО ДЕЦАТА ВО ЛЕТНИОТ ПЕРИОД ВО ГРАДИНКАТА „2023”Се известуваат сите вработени во градинката, со оглед на тоа што е период на летни одморида се спроведат општи препораки за правилно згрижување на децата во установата:
1. За време на летниот период кога и температурите се повисоки да се избегнува излегување во надворешна средина во периодот од 10-17 часот, па така и децата да се прибираат од двор или од прошетка најдоцна до 11 часот.
2. При неопходен престој на отворен простор да се избегнува директна изложеност на сонце.
3. Децата препорачaјте да бидат со светла и лесна облека од природни ткаенини и да биде лесна за соблекување и облекување.
4. Да се внесуваат помало количество на мрсна и високо калорична храна која има и поголемо количество на шеќер.
5. Да се конзумираат напитоци но не многу ладни како овошни чаеви и сокови, јогурт и сл. повеќе пати дневно.
6. Термички подготвената храна да се конзумира вeднаш после подготовката а доколку остане да се стави во ладилник до 4 степени а пред употреба да се загрее до 100 степени.
7. Да се избегнуваат производи кои не се термички обработени (домашен мајонез, сладолед и разни кремови).
8. Особено да се води грижа за личната хигиена на рацете и на децата особено пред секој оброк.
9. Во занималните и другите помошни простории да не се остава храна и напитоци кога во нив нема присутни деца или вработени.
10. Оброците кои се сервираат на децата да се делат прописно, навреме и хигиенски.
11. Пред излегување во дворот на градинката еден вработен да провери дали има некои опасни материјали во истиот како шишиња, стакло или други отпадоци и истите да се соберат прописно.
12. При престојот во двор децата да се згрижат правилно во помали групи со вработени лица и ангажирани со спортски – физички активности а не сами да играат и шетаат во дворот особено на сонце.
13. После враќање од прошетка или активностите од дворот вработените се должни да ги проверат добро децата по телото и главата како превенција од убод од инсекти или крлежи.
14. За време на престојот надвор просториите – занималните да се затемнат и доколку има услови да се климатизираат на температура до 25 степени.
15. Хигиената во просториите и целата градинка а особено на тоалетитеда биде на повисоко ниво и со користење на дезинтал секојдневно во чистењето на површините.
16. За време на оброкоти пладневниот одмор децата да не се оставаат сами во просториите, но постојано да има вработени со нив.
17. Уредно да се евидентираат отсутните деца од страна на воспитувачката – негователката на групата.
18. Доколку детето е отсутно од Градинка од некоја друга причина а не од болест, родителот треба да го извести персоналот за причината на отсуството.
Превентивна здравствена заштитаЈУОДГ ОРЦЕ НИКОЛОВДР Велибор СтојановМС Љупка БуцевскаДИРЕКТОРНАДИЦА ГИРОВСКАЈуни 2023 г