Градинка Орце Николов

ОПШТИНА КАРПОШ

Посета на пекара 11 03 2025

Посета на пекара

Децата од група Јаболчиња (5-6г.), објект Први стапки, имаа можност да ја посетат локалната пекара “Билјана 2 000” и одблиску да се запознаат со тајните на подготовката на вкусните пекарски производи.
Со голема љубопитност ги следеа Мајсторите пекари, видоа како се меси тестото и самите се обидоа да обликуваат кифли. Децата уживаа во мирисот на свежо печено бело печиво и со задоволство дегустираа дел од топлите пекарски производи.
Преку оваа посета, децата научија за важноста на пекарството, вредноста на трудот и како храната стигнува до нашата трпеза.
Благодарност до љубезните домаќини за гостопримството и инспиративното искуство!

Logo GON 225
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе