Јавната Установа Општинската Детска градинка „Орце Николов“ – Карпош Скопје е најстарата градинка во Р. Македонија …
Јавната Установа Општинската Детска градинка „Орце Николов“ – Карпош Скопје е најстарата градинка во Р. Македонија, со 70 годишно постоење и затоа на кратко да се потсетиме на почетоците.Градинката официјално е отворена на 06.02.1945 год. под името „Први стапки” во Првиот Скопски Реон, Oпштина Идадија. Отворањето на установата го означува почетокот на организираното предучилишно воспитание во Р. Македонија. Со децата работеле две жени домаќинки кои покажале љубов за работа со деца, храната ја подготвувало едно лице, имало еден чувар и две хигиеничарки.На почетокот градинката згрижила 10 деца, но набрзо бројот на децата пораснал на 40.Градинката „Први стапки” работела од 6 ч. наутро до 18 ч. навечер. Децата примале појадок, ручек и ужина и спиеле 1 до 2 часа.Во 1946 г. Градинката го добива името на македонскиот херој Орце Николов. Во наредните години Градинката се развивала и во поглед на зградите кои се отварале под нејзина управа и во поглед на бројот на деца кои се запишувале и постојано се зголемувал нивниот број и за кои вработените во тоа време се грижеле со многу внимание, љубов и педагошки такт.Со голема страст и љубов во изминативе децении работеле и работат стучни кадри во детската градинка, за да можат децата од различна возраст да уживаат во тоа. Образованието и воспитанието на децата се одвива во согласност со современите концепти на предучилишното образование во светот, додека различни пристапи помагаат да се создадат квалитетни односи и комуникација помеѓу нераскинливиот триаголник – воспитувачи, деца и родители.Последните неколку децении, Градинката „Орце Николов“ работи во 3 /три/ згради, наменски изградени, лоцирани на територијата на Општина Карпош и тоа:– Карпош 2 на ул. „ Бранислав Нушиќ“ бр. 6,– Карпош 3 на ул. „ Карпошево востание“ бр. 1 и– Карпош 4 на ул. „Разловечко востание“ бр. 20Работнo време на установатаРаботното време на детската градинка започнува во 6:00 часот и завршува во 18:00 часот.