Градинка Орце Николов

ОПШТИНА КАРПОШ

veterinaren centar 11 04 2025

Посета на Ветеринарен центар

Денешниот ден групата Облачиња, објект Први стапки го исполнија со возбудливи моменти и нови знаења! Заедно со децата од групата го посетивме ветеринарниот центар, каде што имавме можност одблиску да видиме како изгледа работата на ветеринарите и како се грижат за животните.
Со голема љубопитност децата ги слушаа објаснувањата, ги гледаа инструментите и апаратите кои се користат за преглед и лекување на животни, и дури имаа можност да запознаат вистински крзнени пациенти. Научивме колку е важно животните да добиваат соодветна нега и љубов, како и што се вклучува професијата ветеринар.
Од срце и благодариме на родителката, д-р Наташа Бојчева, која не покани и не прими со широка насмевка. Благодарение на неа, децата имаа еден поинаков, едукативен и незаборавен ден!

Logo GON 225
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе