Македонијо – во срце те носам - Градинка Орце Николов

Градинка Орце Николов

ОПШТИНА КАРПОШ

alfa default featured

Македонијо – во срце те носам

Децата од групата Сонце, објект Први стапки, преку проектот „Македонијо – во срце те носам“ започнаа да ја запознаваат нашата татковина. Научија за местоположбата на Македонија, нејзините природни убавини, плодовите што ги дава земјата, како и за државните симболи – знамето, грбот и химната.
Го откривме и националниот симбол – балканскиот рис, а по повод роденденот на Скопје прошетавме низ центарот и ги посетивме некои од значајните објекти.
Продолжуваме да ја откриваме Македонија и да го збогатуваме нашето патување со нови знаења.

Logo GON 225
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе