Градинка Орце Николов

ОПШТИНА КАРПОШ

Народни инструменти 04 02 2026

Народни инструменти

Во соработка со проф. Драги Полизовски денес гости во нашата градинка беа ученици од ДМБУЦ Илија Николовски Луј, тапан – Дамјан Огненовски, гајда и кавал – Никола Петковски, тамбура – Бојан Дрндаревски.
Децата се запознаа со народните музички инструменти тапан, гајда, кавал и тамбура.
Слушаа, гледаа и откриваа како звучат инструментите што ја раскажуваат нашата традиција, обичаите и веселбите од минатото до денес.
Музика што се чувствува со срце и се памети засекогаш.

Logo GON 225
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе