Професија Психолог
Активноста „Психолог – пријател на детските емоции“ беше реализирана со децата од голема група “Облачиња” објект Први стапки, во рамки на месечната тема „Професии“, спроведена од психологот во нашата градинка. Преку разговор, игра и илустрации, децата се запознаа со улогата на психологот и неговата важна задача – да им помага на луѓето да ги препознаат, разберат и изразат своите емоции.
Децата имаа можност да зборуваат за тоа кога се чувствуваат среќни, тажни, лути или изненадени, учејќи дека секоја емоција е важна и дека секогаш можеме да побараме помош и поддршка. Активноста придонесе за развој на емоционалната писменост, емпатијата и довербата, поттикнувајќи ги децата да ги споделуваат своите чувства и да ги разбираат чувствата на другите.







Поврзани содржини