Градинка Орце Николов

ОПШТИНА КАРПОШ

Музичар 11 03 2026

Музичар

Објект Први стапки.
Музичкиот педагог од нашата градинка, Томи Диндев, на интересен и забавен начин ги запозна дечињата со професијата музичар. Преку разговор и музика, децата имаа можност да слушнат како звучат одредени детски музички инструменти и инструментот на кој тој свиреше-пијано. Со голема радост и ентузијазам децата му се придружија пеејќи весели детски песнички. Активноста донесе многу насмевки, музика и убаво расположение. Децата уште еднаш почувствуваа колку музиката може да биде радосна и обединувачка.

Logo GON 225
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе