Градинка Орце Николов

ОПШТИНА КАРПОШ

Емоции во бои 12 03 2026

Емоции во бои

Денеска децата од групата Пчелки, објект Први стапки, уживаа во креативна и сензорна активност, на сензорната маса. Заедно со психологот од нашата градинка преку игра и истражување, со песок во боја, децата создаваа ликови со емоции.
Активноста беше инспирирана од приказната “Ѕверче од бои” преку која децата имаа можност да се запознаат со светот на емоциите, се обидоа да ги препознаат и да ги поврзат со одредена боја.

Logo GON 225
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе