Софтверски инженер
Имавме посебно задоволство во објект Први стапки, да ни биде во посета родител-гостин кој на децата им ја претстави професијата софтверски инженер. Преку едноставни и забавни примери, децата се запознаа со тоа како се создаваат апликации и игри, и како технологијата ни помага во секојдневниот живот. Благодарност до родителот Огненка Марковска за инспиративното дружење и за вложеното време да се поттикне љубопитноста и креативноста кај најмалите.







Поврзани содржини