Нашата градинка е место за љубов, игра и другарство
Со години наназад, нашата градинка е место каде што растат најубавите детски насмевки, се создаваат првите пријателства и се прават првите чекори кон светот на знаењето. Нашата приказна трае веќе 81 години – осум децении исполнети со детски смеа, љубов, посветеност и безброј незаборавни моменти.
Во чест на ова значајно јубилејно патување, ја создадовме и монографијата „Мали чекори, големи приказни“ – сведоштво за едно долго и богато минато, за генерациите деца кои пораснаа во нашата градинка, за луѓето кои со љубов и посветеност ја градеа нејзината приказна и за сите спомени што остануваат засекогаш.
Со љубов растеме, со знаење создаваме, со децата ја градиме иднината.




































Поврзани содржини