Прекрасна Шпанија
Децата од групата Бубамари, објект Ѕвездички, го финализираа своето патување во проектот „Патуваме во Шпанија“ преку разни активности и нагледни средства. Се запознаа со нова култура, со убавините на оваа земја како паркот Guell, Црквата на светото семејство Sagrada familija, научија што се мозаици, карактеристични танци, музички инструменти, костими и сл. Децата покажаа голем интерес да научат нови работи, поставуваа прашања за тоа што ги интересира, танцуваа и ги користеа својата креативност и фантазија во изработките, со желба да ја посетат Шпанија.