Известување, Почитувани родители ве известуваме дека нашата градинка постапува според протоколите и мерките за заштита од COVID-19. Доколку имате потреба за згрижување на децата во градинка треба да доставите потврди од вашиот работодавец за двајцата родители дека работните задачи задолжително мора да ги извршувате на вашето работно место, без можност за работа од дома, а доколку сте самохран родител се доставува една потврда. Потврдите заедно со изјавата која е во прилог (може да се подигне и пополни и во градинката) треба да се достават во објектот  каде што Вашето дете посетува градинка од 17 до 21 август во временски период од  09:00-13:00 часот. Задолжително е носење на маски и дезинфекција на вашите обувки и раце при влегување во просториите на градинката. Како тим ќе се залагаме да овозможиме сигурна, безбедна и пријатна атмосфера за работа и заштита на нашите и Ваши дечиња. Затоа во прилог Ви ги доставуваме и протоколите по кои ќе работи целокупниот кадар на нашата градинка, како  и протоколите кои се однесуваат на  Вас родителите. Ви благодариме за разбирањето Со почит, ЈУОДГ „Орце Николов“ – Карпош