Градинка Орце Николов

ОПШТИНА КАРПОШ

Посета полна со сладолед и насмевки! 14 03 2025

Посета полна со сладолед и насмевки!

Денес дечињата од групата “Облачиња” објект Први стапки, имаа слатка авантура – ја посетивме една вистинска сладоледна магија! Со големо одушевување ја следевме целата постапка на правење сладолед, од изборот на вкусови до финалниот совршен десерт.
Секако, најомилениот дел беше дегустацијата! Малите насмевки, радоста и љубопитните прашања направија оваа посета незаборавна. Покрај уживањето, научивме и нешто ново – како се прави нашиот омилен летен десерт.
Посебна благодарност до Мајката Кристина Панковска што ни ја овозможи оваа прекрасна посета на „Déjà Vu“ и ни подари еден несекојдневен ден исполнет со радост и вкусни моменти!

Logo GON 225
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе