Градинка Орце Николов

ОПШТИНА КАРПОШ

Alfa predna GON 350

Тапан – ритам од Македонија

Децата од групата Облачиња, објект Први стапки, во периодот Декември – Февруари во рамките на проектот „Ја запознавам мојата земја“ преку креативни и истражувачки активности се запознаа со знаменитостите, традицијата, културата и гастрономијата на Македонијаи и ја развиваа љубопитноста, креативноста и чувството на припадност кон својата земја и традиција.

Преку активноста „Патувајте низ Македонија“ изработија туристичка брошура и 3Д модел на Камениот мост, развивајќи тимска работа и прецизност, преку „Мапа на земјоделски култури“ учеа за плодови и региони, а со активноста „Тавче гравче“ се запознаа со подготовка на традиционално јадење и културата на исхрана.

Со активноста „Тапан – ритам од Македонија“ изработија тапан и се запознаа со народната музика, а завршија со изведба на песната „Море сокол пие“ негувајќи љубов кон македонската песна и традиција.

Logo GON 225
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе