Градинка Орце Николов

ОПШТИНА КАРПОШ

Како да се штеди

Групата „Срнички“ од објектот „Први стапки“ беа во посета на НЛБ Банка, а на гости им дојдоа и претставници од УНИ Банка по повод Денот на штедењето 👧👦📊.

Децата имаа интересни едукативни активности, а им беше раскажана и поучната приказна за мравката и штурецот, преку која научија колку се важни трудољубивоста, планирањето и штедењето 🐜🦗📚💡.

Голема благодарност до родителите Благица Златева која ја организираше посетата на НЛБ Банка, како и до родителот Изабела Станковска од УНИ Банка за можноста нашите дечиња да доживеат едно вакво убаво и едукативно искуство 👏❤️🤝🌟!

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.