Градинка Орце Николов

ОПШТИНА КАРПОШ

Малите штедачи денес – одговорни и внимателни со парите утре!

По повод 31 Октомври – Светскиот ден на штедењето, децата од објект Први стапки, група „Облачиња“ реализираа едукативна посета на Комерцијална банка, каде преку непосредно искуство имаа можност да се запознаат со банкарската институција, нејзината улога во чувањето и управувањето со парите, како и да го разберат значењето на штедењето уште од најрана возраст 👧👦📊💡.

Благодарност до Комерцијална банка за гостопримството, вниманието и можноста децата преку оваа едукативна посета да стекнат нови знаења и вредни животни искуства 🤝🌟👏.

Искрена благодарност до родителот Јасмина Биљановска која со својата поддршка и ангажираност ја овозможи оваа едукативна посета ❤️🏫🌿.

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.