Градинка Орце Николов

ОПШТИНА КАРПОШ

Ja zapoznavam mojata zemja 1

Ја запознавам мојата земја

Во текот на минатиов период, децата од групата Облачиња, објект Први стапки, низ различни креативни активности се запознаваа со богатото македонско културно наследство. Ја истражуваа убавината и значењето на македонската народна носија, изработувајќи машка и женска носија, а со многу емоции ја изведоа и народната песна „Билјана платно белеше“. Преку народната приказна „Итар Пејо, попот и алвата“, се запознаа со мудроста и хуморот во македонското народно творештво. Ги оживеаја ликовите и сцените преку боја и цртеж, а изработија и македонска пеперутка, запознавајќи се со убавината на филигранската техника. Се стекнаа со основни знаења за грнчарството како традиционален македонски занает, преку изработка на глинени садови. 🧺👗👔🎶📖🎨🦋🏺🖌️

Преку реализираните активности децата развиваа чувство на припадност, почит кон традицијата и љубов кон македонската култура. Горди сме на нивната креативност, љубопитност и ентузијазам, со кои покажаа дека традицијата живее преку најмладите. 🤝❤️🏫📜🌱🌟

Logo gon 225
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе