Градинка Орце Николов

ОПШТИНА КАРПОШ

Моето сончево катче – Македонија, објект Бисерчиња

Во изминатиот период, децата од групата Зајачиња, при објектот Бисерчиња, како дел од проектот „Моето сончево катче – Македонија“, преку игри, разговори, слики и творечки активности се запознаваа со Македонија – нашата татковина. Тие научија дека живееме во различни градови низ државата, ги открија убавините на својот роден град Скопје, како и природните богатства на земјата – езера, планини, реки и национални паркови. Преку различни игри ги препознаваа и именуваа убавините и градовите, учејќи да ја ценат природата и местото каде што живееме.

Logo Gon 225 10-01-2026
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе