Кондиционен тренер
Денес имавме интересна средба со родител кој ни ја претстави професијата – Кондиционен тренер на фудбалски судии. На децата на едноставен и разбирлив начин им беше објаснето дека овој тренер им помага на судиите да бидат силни, брзи и издржливи за да можат добро да трчаат и внимателно да ја следат играта на фудбалскиот терен. Преку кратка демонстрација и движења, децата имаа можност да видат како изгледаат некои вежби и со радост се вклучија во активноста. На овој начин тие се запознаа со уште една интересна професија и ја почувствуваа важноста на физичката активност и тимската игра.







Поврзани содржини