Градинка Орце Николов

ОПШТИНА КАРПОШ

Магични зборови 13 02 2025

Магични зборови

Креативен начин на педагогот и психологот со децата од групата Лавчиња, објект Први стапки, за поттикнување на употреба на убави и љубезни зборови, низ многубројни позитивни примери. Играта „Моето другарче е …“, особено ги поттикна децата да смислат и пронајдат позитивните вредности кај другарчето, како една прекрасна можност да ја развиваат емпатијата и другарството. Активноста со јаболките им ги претстави на децата различните внатрешни емотивни состојби и ги поттикна да се обидат да ги разберат емоциите кај другите и да делуваат на позитивен начин.

Logo GON 225
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе