Градинка Орце Николов

ОПШТИНА КАРПОШ

Олимписки игри 23 06 2026

Олимписки игри

Во дворовите на објектите Ѕвездички и Бисерчиња децата беа вистински олимпијци. Малите спортисти се натпреваруваа во кошарка, фудбал, тенис, влечење јаже, прескокнување пречки, штафетни игри „Кој прв до целта“ и многу други забавни и динамични спортски дисциплини. Со голем ентузијазам, насмевки и тимски дух, децата покажаа истрајност, фер-плеј и желба за успех. 🏡⭐🏀⚽️🎾🤝🏃‍♂️🏃‍♀️😁

Посебна радост и поддршка дадоа и помалите групи, кои како верна публика гласно навиваа и ги бодреа сите учесници. 🙌👏🎉📣👶👧🌟