Градинка Орце Николов

ОПШТИНА КАРПОШ

Profesija nastavnik 1

Професија наставник

Денес во нашата група имавме посебен гостин родител, наставник по англиски јазик, кој на децата им ја претстави својата професија. Преку разговор, игра и интересни зборови на англиски јазик, децата имаа можност да откријат како изгледа работата на еден професор и зошто учењето на јазици е важно.
Активноста предизвика голем интерес и љубопитност кај децата, кои со радост повторуваа нови зборови и поставуваа прашања.
Благодарност до родителот Рената Јанакиевска што со своето присуство и знаење го збогати воспитно-образовниот процес и им овозможи на децата одблизу да ја запознаат професијата наставник по англиски јазик.

Logo gon 225
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе