Прошетка низ Македонија
Децата од групата Цветови, објект Први стапки се запознаа со народните македонски традиционални ора и песни, како и со старите традиционални инструменти, гајда, кавал, тапан. Се подготви македонско традиционално тавче гравче, како и се изработија традиционални инструменти од еко материјали, грниња и стомни изработени од пластелин, а се запознаа и со најразлични народни носии. Се одбележа традицијата на лозарите и празникот на љубовта. Како завршен и посебен момент, беше изведена традиционалната македонска приказна „Дедо Петко и баба Пена“, подготвена од воспитниот тим на нашата градинка.







Поврзани содржини