Трејд маркетинг
Децата од групата Сонце, објект Први стапки се запознаа со професијата Трејд Маркетинг. Тоа е оној маркетинг кој се случува во продавницата за еден производ да стане “ЅВЕЗДА” на полицата!
Преку игра и разговор, децата научија дека тоа е личност која смислува креативни идеи за да ги претстави производите и да ги направи интересни за сите.
Со многу смеа и фантазија, научивме дека зад секоја реклама стои идеја, труд и креативност.
Со интересна игра го разбудија натпреварувачкиот дух и освоија убави награди.
Благодарност за Мајката на Стерија, Тања за соработката и прекрасните подароци за децата.







Поврзани содржини