Градинка Орце Николов

ОПШТИНА КАРПОШ

ТВ Водител

Денес во групата Сонце, објект Први стапки во соработка со мајката на Дарин Филиповски, Јана се запознавме со една интересна и креативна професија – ТВ водител.
Децата разговараа за тоа што прави еден ТВ водител, како се подготвува за емисија и колку е важно јасно и самоуверено да се зборува пред публика. Преку игра и мала „телевизиска емисија“, тие имаа можност и самите да се почувствуваат како вистински водители.
Со многу насмевки, прашања и детска креативност, нашата мала „телевизија“ денес беше полна со интересни вести и убави моменти.

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.