Во прегратките на природата – играме, учиме и растеме заедно!
🌞🧢👒🕶️Денес, во дворовите на нашата градинка го одбележавме Денот на пикникот. Облечени во шарена летна облека, со капчиња и очила за сонце, децата уживаа во вистинска летна авантура.
Најомилениот дел – активната игра на отворено. Со многу ентузијазам децата играа ластик, скокаа на јаже, трчаа и се забавуваа со топка, покажувајќи тимски дух и радост во движењата.
Најубавите спомени се создаваат кога сме заедно, опкружени со природа, смеа и добро расположение.🌿🍊🍒🍏







Поврзани содржини