Ликовна изложба на детски цртеж
ПОЧИТУВАНИ РОДИТЕЛИ,
По повод новогодишните празници нашата градинка организира ликовна изложба на детски цртеж со цел да се дружиме, забавуваме и најдобрите да ги наградиме.
Изложбата ќе биде отворена за сите родители кои сакаат да ја посетат од 21.12.2021 година од 13 часот до 24.12.2021 година 15 часот.
ЈУОДГ „Орце Николов“
Известување за новогодишен базар за родители
Почитувани родители,
По повод новогодишните празници во дворот на градинката ќе се одржи Новогодишен базар, кој традиционално го организираме со цел собраните средства да ги донираме на оние кои им се најпотребни.
Поради актуелната ситуација со ковид 19 и протоколите оваа година настанот ќе биде поинаку организиран. Во текот на целиот ден (при прием и земање на децата) ќе можете да ги погледнете изложените изработки на поставените штандови во дворот на објектите и да земете учество.
#Дабидемехумани
Ви благодариме,
ЈУОДГ „Орце Николов” Карпош, Скопје