Оглас за пријавување на обука - Градинка Орце Николов

Градинка Орце Николов

ОПШТИНА КАРПОШ

alfa default featured

Оглас за пријавување на обука

За потребите на проектот „Истражување на моќта на игрите за поттикнување на креативноста и инклузивноста во градинката“ добиен од Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност од Еразмус Програмата на KA122-SCH – Краткорочни проекти за мобилност на учениците и персоналот во училишното образование (KA122-SCH) се објавува интерен оглас за вработените на ЈУОДГ „Орце Николов“ за пријавување на обука во рамките на проектот која ќе се одржи во месец Март 2025 година со траење од 7 дена обука и два дена пат во Република Турција. Целта на обуката е да им обезбеди на воспитниот кадар алатки кои им се потребни за да дизајнираат ангажирани едукативни игри за различни теми и активности. Оваа обука ќе им помогне на учесниците да развијат и теоретско и практично разбирање за употреба на стратегии за ”Учење преку игра”.

Заинтересираните лица да достават Мотивационо писмо на англиски јазик до 31.01.2025 година до 14.00 часот во архивата на градинката.

Оглас за пријавување на обука 2025

Logo GON 225
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе