Денови на екологијата - Градинка Орце Николов

Градинка Орце Николов

ОПШТИНА КАРПОШ

Денови на екологијата

Денови на екологијата

Денес во посета на нашата градинка, објект Први стапки, беа претставници на ЈП “Комунална хигиена” – Скопје кои што со децата од 4-6 години реализираа еколошка акција по повод “Ден на пролетта и денови на екологијата”. Преку забавни едукативни еколошки игри на селектирање на различни видови на отпад и боење на боенки за селектирање на отпад се промовираше потребата од стекнување навика од најрана возраст да се води грижа за одржување на чиста животна средина. Како награда за учеството секое дете доби сликовница „Забавно рециклирање“.

Logo GON 225
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе