Македонија низ игра и забава - Градинка Орце Николов

Градинка Орце Николов

ОПШТИНА КАРПОШ

Македонија низ игра и забава 25 02 2026

Македонија низ игра и забава

Децата од групата Лавчиња, објект Први стапки, во рамки на проектната активност “Ја запознавме нашата татковина” преку игра боеја шарени фолклорни носии и традиционални теписи, се запознаа со македонските музички инструменти и пееја и танцуваа во духот на народната традиција.
Прошетаа низ планините на нашата земја и ги откриваа лековитите билки што растат само кај нас, учејќи дека природата е наше богатство и здравје.
За време на нашето патување, преку игра со коцка и фигури, „патувавме“ од град во град и ја истражувавме нашата најубава Македонија на забавен и едукативен начин.

Logo GON 225
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе