Градинка Орце Николов

ОПШТИНА КАРПОШ

etwinning 15 09 2025

Плакета за еТвининг градинка

Со гордост споделуваме дека нашата градинка е добитник на еTwinning плакета за активно учество во проектни активности на еTwinning платформата. Ова признание е потврда за посветеноста, креативноста и тимската работа на децата и воспитувачите, кои преку проекти ја отвораат вратата кон нови знаења, култури и пријателства. Плакетата е мотив повеќе да продолжиме со иновативни и инспиративни активности кои го збогатуваат детскиот развој.
Благодарност до сите партнери и родители кои не поддржуваа и учествуваа во ова наше прекрасно патување.