eТвининг ознака
Нашата градинка, ЈУОДГ „Орце Николов“, се здоби со eTwining school ознака за воспитната 2025-2026 година со што официјално е призната на европско ниво како модел за еТвининг градинка. Ознаката ја признава и истакнува посветеноста, вклученоста, насоченоста на тимовите од воспитувачи кои работат заедно и ги нагласува следните карактеристики: споделено лидерство, соработка и тимска работа, учење преку активности, инклузија, иновација и пример за другите.
