Шарената пињата
Децата од групата Слончиња, објект Бисерчиња, преку разновидни активности, во рамки на проектот „Одиме во Мексико“,се запознаа со добро познатата “Пињата”-мексиканска игра, која била и сеуште е задолжен дел од забавата од мексиканските фиести, а многу често е дел и од прославите меѓу децата ширум светот. Се запознаа со мексиканските тропалки “Маракас” – фолклорен инстумент кој се користи при игри и танци.
Но, најголемата забава дојде со улогата „Јас – Мексиканец!“ Големи фигури на Мексиканец и Мексиканка со отвори за лицата ги претворија децата во вистински мали Мексиканци. Со насмевка позираа зад нив.
Завршивме со весела мексиканска музика и зборовите Viva la México!