Градинка Орце Николов

ОПШТИНА КАРПОШ

prikazna 26 12 2024

Посета на издавачка куќа

Во рамки на проектот „Откривање на Турција – патување за малите истражувачи“ децата од група Јаболчиња, ја посетија издавачката и новинарска куќа на турски јазик “Јени Балкан” во Стара Чаршија. Децата имаа можност да се запознаат со досегашните издадени списанија и книги на турски јазик, а интересно беше што се запознаа со новинарската истражувачка работа.  

По посетата следеше боење на приказната „Насрадин Оџа, неговиот син и магарето“, која потоа беше дигитализирана и објавена на апликацијата StoryJumper, што го поттикна нивниот интерес за запознавање на современи дигитални алатки.

Голема благодарност до „Јени Балкан“ за професионалноста и убавиот прием.

Повеќе на следните линкови:

Logo GON 225
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе