🏫  Јавната Установа Општинската Детска градинка „Орце Николов“ – Карпош Скопје е најстарата градинка во Р. Македонија, со 70-годишно постоење, и затоа на кратко да се потсетиме на почетоците.

📅 Градинката официјално е отворена на 06.02.1945 година под името „Први стапки” во Првиот Скопски Реон, Oпштина Идадија. Отворањето на установата го означува почетокот на организираното предучилишно воспитание во Р. Македонија. Со децата работеле две жени домаќинки кои покажале љубов за работа со деца, храната ја подготвувало едно лице, имало еден чувар и две хигиеничарки.

👧 На почетокот градинката згрижила 10 деца, но набрзо бројот на децата пораснал на 40.

🕒 Градинката „Први стапки” работела од 6 ч. наутро до 18 ч. навечер. Децата примале појадок, ручек и ужина и спиеле 1 до 2 часа.

📖 Во 1946 година градинката го добива името на македонскиот херој Орце Николов. Во наредните години се развивала и во поглед на зградите кои се отварале под нејзина управа, како и во поглед на бројот на деца кои се запишувале и постојано се зголемувал нивниот број, за кои вработените се грижеле со многу внимание, љубов и педагошки такт.

💛 Со голема страст и љубов во изминативе децении работеле и работат стручни кадри во детската градинка, за да можат децата од различна возраст да уживаат во тоа. Образованието и воспитанието на децата се одвива во согласност со современите концепти на предучилишното образование во светот, додека различни пристапи помагаат да се создадат квалитетни односи и комуникација помеѓу нераскинливиот триаголник – воспитувачи, деца и родители.

🏢 Последните неколку децении, Градинката „Орце Николов“ работи во 3 /три/ згради, наменски изградени, лоцирани на територијата на Општина Карпош и тоа:

  • 📍 Карпош 2 на ул. „Бранислав Нушиќ“ бр. 6
  • 📍 Карпош 3 на ул. „Карпошево востание“ бр. 1
  • 📍 Карпош 4 на ул. „Разловечко востание“ бр. 20

🕘 Работно време на установата

Работното време на детската градинка започнува во 6:00 часот и завршува во 18:00 часот.