ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ И УСЛОВИ ВО КОИ РАБОТИ ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст на Јавната установа општинска детска градинка „Орце Николов“, Карпош – Скопје, се остварува во три објекти и во населбите Карпош 2 на ул. „Бранислав Нушиќ“ бр.6,  Карпош 3 на ул. „Карпошево востание“ бр.1 и Карпош 4 на ул. „Разловечко Востание“ бр. 20.

 

Просторни услови и опременост на објектите
 
Површината и капацитетот по објекти
 
Објект
Вкупна нето површина
Капацитет на деца
Дворна површина
Карпош 2
ул. Бранислав Нушиќ бр. 6
808м2
120
6000м2
Карпош 3
ул. Карпошево Востание бр. 1
1800м2
180
8400м2
Карпош 4
ул. Разловечко Востание бр. 20
1714м2
140
2000м2
Вкупно:
4322м2
440
16400м2
 
Нето користен простор на организацијата
 
Матичен објект ОБЈЕКТ КАРПОШ 3
 
Ред. бр.
Вид простории
Број
м2
1
Занимални
9
630
2
Кабинети
2
75
3
Спални
4 Амбуланти – Тријажи 2 55
5 Сали – гардероби 1 120
6 Административни простории 3 90
7 Кујна 1 110
8 Ходници и степеници 365
9 Санитарни чворови 170
10 Магацин 1 55
11 Работилница на хаус мајстор 1 20
12 Перална 1 110
13 Подрумски простории
14 Котларница
Вкупно:
   
1800
15 Скривница нефункционална   180
16 Озеленети површини   8400
 
Просториите на Управата се сместени во објектот Карпош 3 со канцелариски простор за директор, стручните служби, административно – правни и финансиски работи, тековно одржување и обезбедување на објектите, набавка, транспорт, просторија за централен магацин и главната кујна во која секојдневно се подготвува ручекот и дел од ужините за сите три објекти, односно за сите запишани деца во Установата. Градинката Карпош 3 отпочнала со работа на 22 април 1971 г. Лоцирана во непосредна близина на ООУ „Лазо Трповски“, Гимназијата „Никола Карев“ и  ТЦ Лептокарија, опкружена со многу блокови и висококатници како и нови згради и згради кои се во фаза на градба, поради што повеќе години наназад  работи и прифаќа деца над капацитетот, со цел да им излезе во пресрет на граѓаните од населбата.
 
Објект КАРПОШ 2
 
Ред. бр.
Вид простории
Број
м2
1
Занимални
6
283
2
Кабинети
1
17
3
Спални
1
27
4 Амбуланти – Тријажи
5 Сали – гардероби 146
6 Административни простории
7 Кујни 1 32
8 Ходници и степеници 98
9 Санитарни чворови 3 52
10 Магацин 1 37
11 Перална 1 18
12 Котларница
13 Подрумски простории 104
Вкупно:
   
808
14 Озеленети дворни површини   6000
 
Објектот Карпош 2 е лоциран  меѓу  Драмскиот театар  и ОУ „Вера Циривири Трена„ и опкружена со многу згради како и висококатници, заради што и овој објект повеќе години работи со деца над  капацитетот. Изграден е во 1966 г. со средства од Западна Германија, во рамките на акцијата: „Во знак на помирување“ – период на интензивно градење  по катастрофалниот земјотрес во Скопје.
Во 2012 год. градинката е целосно реконструиран со средства од УСАИД и Општина Карпош: поставен е нов покрив, сончев колектор, нова фасада, нови ПВЦ прозорци и врати, реконструирани се тоалетите и како една од првите енергетски ефикасни градинки  во опшитината и Градот, со што многу се подобри и поквалитетни условите за престој на децата и што е најважно Градинката штеди електрична и топлотна енергија.
 
Објект КАРПОШ 4
 
Ред. бр.
Вид простории
Број
м2
1
Занимални
8
675
2
Кабинети
3
56
3
Спални
4 Амбуланти – Тријажи 1 28
5 Сали – гардероби 247
6 Сали за повеќе намени 1 70
7 Административни простории
8 Чајни кујни 2 12
9 Ходници и степеници 219
10 Санитарни чворови 10 81
11 Подрумски простории 326
12 Перални
13 Котларница
14 Скривница 1 85
Вкупно:
   
1714
15 Озеленети дворни површини 2000
 
Објектот Карпош 4 е лоциран  спроти ООУ „Петар Поп Арсов“ во населбата Карпош 4. Пуштена во употреба во 1976 година. Изградена е на два ката и подрум, располага со соодветни просторни услови, кои максимално се користат во текот на годината. И во оваа градинката подолго време се запишуваат повеќе деца од проектираниот капацитет, со оглед дека е лоцирана во густо населена населба.
 
Во сите објекти има домофони заради безбедност на децата и објектите.