Кендо-боречка вештина - Градинка Орце Николов

Градинка Орце Николов

ОПШТИНА КАРПОШ

Кендо боречка вештина 23 03 2026

Кендо-боречка вештина

Денес групата Лавчиња, објект Први стапки се запознавме со еден интересен спорт од далечната земја Јапонија.
Се вика Кендо и тоа е вештина на мечување.
Во Кендо, спортистите носат посебна заштитна опрема и користат лесни мечеви од бамбус. Тие учат како да се движат брзо, да бидат храбри и да покажуваат почит еден кон друг.
Кендото не е само борба – тоа е игра со правила, дисциплина и пријателство.
Денес и ние се обидовме да се движиме како вистински кендисти – тивко, внимателно и храбро.
Голема благодарност на Мајката на Кирил, Ангела!

Logo GON 225
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе