Градинка Орце Николов

ОПШТИНА КАРПОШ

Работилница за емоции 04 03 2025

Работилница за емоции

Психологот од нашата градинка, одржа интерактивна и едукативна работилница за емоции со децата од група „Јаболчиња“ (5-6 г.), објект Први стапки. Преку забавни игри и активности, децата истражуваа различни емоции – радост, тага, лутина, изненадување и многу други.
Тие имаа можност да ги препознаат и изразат своите чувства, да ги споделат личните искуства и да научат како да ги разбираат емоциите на другите. Оваа работилница не само што го поттикна развојот на емоционалната интелигенција, туку и придонесе за градење емпатија, самодоверба и позитивна комуникација меѓу децата.

Logo GON 225
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе