Градинка Орце Николов

ОПШТИНА КАРПОШ

makkab 28 03 2025

Едукативна посета на МакКаб

Децата од групата Цветови, објект Први стапки беа во посета на МакКаб, компанија која е од областа на трговија со електрични материјали, производство на електрични производи и реализација на проекти. Голема благодарност до Александар Јошевски таткото на Михаил Јошевски кој ни ја овозможи оваа посета.
На децата им беа презентирани многу интересни работи, како видови кабли и приклучоци, како се изработува струен круг. Им беа претставени паметни (SMART) компоненти кои може да се интегрираат во електричната инсталација на нашиот дом, ни беше презентирана работилницата и инженеринг тимот, го посетивме магацинскиот дел каде се складираат и продаваат електричните компоненти и уреди.

Logo GON 225
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе